Швајцарија ова го чекаше дури 88 години

Швајцарија се пласираше во осминафиналето на Светско првенство, откако без многу проблеми со 2:0 го победи Алжир во првата фаза од нокаут системот. По еден гол Швајцарците постигнаа во двете полувремиња и тоа беше повеќе од доволно за нов триумф на стадионот во Ванкувер.

Победата и радоста на Швајцарија има посебно значење. Ова беше прва победа на Швајцарија во еден меч од нокаут фаза на Светското првенство по пауза од неверојатни 88 години. Последен пат кога Швајцарците победиле во нокаут фаза на Мундијал било во далечната 1938 година кога на тогашниот Мундијал во Франција, во елиминациски дуел со 4:2 славеа над Германија и тоа во повторен натпревар затоа што првиот завршил 1:1. Тоа бил меч од осминафиналето, но тогаш за разлика од сега бројот на учесници на завршницата бил многу мал. На тој турнир, Швајцарија потоа загубила во четвртфиналето од Унгарија со 2:0.

По тоа СП во 1938 година, Швајцарија шест пати ја поминувала групната фаза, но потоа секогаш била елиминирана во првиот меч од нокаут системот. Во последните 20 години, дури четири пати Швајцарија губеше во првата нокаут-рунда, но конечно денеска таа негативна серија е сопрена.

Следниот предизвик за Швајцарија ќе биде подобриот од дуелот меѓу Колумбија и Гана, а мечот повторно ќе се игра во Ванкувер.

Швајцарија ќе биде еден од противниците на Македонија во новата сезона од Лига на нации. Во Б сегмектот, Швајцарија во октомври треба да гостува во Скопје.

- Оглас -

Најнови вести