Шведска е новиот ракометен европски првак во машка конкуренција, откако во неизвесно финале, со 27:26 ја победија Шпанија. За Шведска ова е прва европска титула по точно 20 години, а вкупно петта во нивната историја. Шпанија не успеа трет пат во низа да биде континентален првак.
Финалето беше решено буквално во последната секунда. Шведска го имаше последниот напад, а судиите досудија пенал. Времето истече и остана само да се изведе пеналот. Екберг ја презема одговорноста и успеа да погоди за победа и европска титула за Шведска.
https://twitter.com/i/status/1487864334898405376
Во текот на цел меч, ниту една од селекциите немаа поголема предност од два гола. Шведска поведе со 2:0 и константно беше во водство до пред крајот на првото полувреме. Од 11:9 за Шведска, Шпанците направија серија од 3:0 и прв пат поведоа со 12:11, а Црвената фурија на полувреме водеше со 13:12.
На почетокот на второто полувреме Шпанија водеше со 17:15, а потоа имаше водство и од 19:18, но тоа беше последен пат кога имаа предност. Шведска поведе со 20:19, а потоа се играше гол за гол до 23:23. Потоа Шведска со мини серија стигна до 25:23 и 26:24 на четири минути пред крајот.
Во последната минута беше нерешено 26:26, а Шпанија во последниот напад не реализира за водство. За Швеѓаните останаа 20-тина секунди во кои направија акција по која добија пенал и на крајот се радуваа на титулата.
За најдобар играч во финалето е прогласен голманот на Шведска, Андреас Паличка.
🏆 RESULT: @hlandslaget 🇸🇪 are #ehfeuro2022 CHAMPIONS! They beat @RFEBalonmano 🇪🇸 27:26 as Niclas Ekberg scores a penalty after the buzzer. Andreas Palicka is the @grundfos Player of the Match, with 11 saves and one goal 🙌 pic.twitter.com/V3tuLTNpvL
— EHF EURO (@EHFEURO) January 30, 2022

