Си ги менуваа жените, ама не се мразат, туку се сликаат заедно

Најпопуларната фудбалска фотографија на денот во Бугарија е објавена попладнево, и тоа од страна на некогашната плејбој девојка Николета Лозанова, која ги сликаше заедно нејзиниот бивш сопруг и сегашното момче со кое е во врска, а и двајцата се фудбалери.

Валери Божинов има и дете со Николета, а голманот Николај Михајлов, сега е нејзино момче откако во минатото се раздели со една друга поранешна сопруга на Божинов, пејачката Алисија.

Лозанова ја објави сликата на социјалните мрежи, Божинката и Ники се прегрнати, и не делува дека меѓу нив има ривалство, ниту тоа што не им оди ниту во фудбалот. Михајлов е резерва во Левски, Божинов е без клуб во моментов. Тие едно време беа и во ист тим, па одамна ги закопаа воените секири.

Божинов е во врска со српскиот модел Билјана Дол. За кратко време фотографијата собра илјадници лајкови и голем број на коментари.

Овој случај во Бугарија е сличен на оној во Аргентина, а во кој се вклучени Мауро Икарди и Макси Лопес, со Ванда Нара во средина. Ванда има три деца со Макси, па го изневери со другар му Икарди, со кој сега е во брак и има две деца.

- Оглас -

Најнови вести