Силекс доби очекуван попуст за ЛШ – Денеска ќе му биде домаќин на Пелистер

Силекс ќе му биде домаќин на Пелистер денеска од 17 часот, во премиерниот меч од второто коло во Првата македонска фудбалска лига.

Кратовци добија очекуван и вообичаен попуст пред стартот на квалификациите во Лигата на шампионите и наместо во недела, ќе ги пречекаат битолчани денеска.

Ова е прв меѓусебен дуел на двете екипи по двегодишна пауза, а и Силекс и Пелистер имаа победнички старт без примен гол во новата сезона во Првата фудбалска лига.

Силекс ја растури Беласица со неверојатни 6:0 на гостински терен во Струмица, а денеска ќе се обидат повторно да победат за добро расположение пред патот во Баку, каде што ќе играат против Карабах во првото квалификациско коло во Лигата на шампионите.

Тој меч е закажан за 18 август и ќе се игра на стадионот „Тофик Бахрамов“ во Баку од 18 часот.

Пелистер исто така победи во првото коло, а камбекот во ПМФЛ беше успешен и славенички со триумф од 1:0 против Академија Пандев.

Утре од 17 часот ќе играат Работнички и Беласица, а останатите мечеви од второто коло се закажани за во недела, исто така од 17 часот.

Двојки, второ коло:

Денеска, 17 часот: Силекс – Пелистер

Сабота, 17 часот: Работнички – Беласица

Недела, 17 часот: Академија Пандев – Вардар, Борец – Ренова, Шкендија – Струга, Шкупи – Македонија Ѓ.П. 

 

 

- Оглас -

Најнови вести