Силекс и Шкендија ги дознаа можните ривали во Конференциската лига (Фото)

УЕФА ги скрати списоците со можните ривали и за освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, како и за вицешампионот Шкендија.

Кратовци се аутсајдери, па уште во првото коло од Конференциската лига ќе добијат и тоа како квалитетен ривал. Можни ривали на Силекс се: Астана (Казахстан), Пјуник (Ерменија), Динамо Минск (Белорусија), Дила Гори (Грузија) и Атлетик Ескалдес (Андора).

Четири екипи од Источна Европа и една од Андора, која изгледа како најпосакуван ривал за Силекс.

Шкендија е носител, па во првото коло ќе има многу полесен ривал, а можни ривали на тетовци се: Европа (Гибралтар), Малишева (Косово), Уна Страсен (Луксембург), Пенибонт (Велс), НСИ Рунавик (Фарски Острови) и Номе Каљу (Естонија).

Ждрепката за Конференциската лига ќе се одржи во 18 часот, а натпреварите се играат на 9, односно на 16 јули.

- Оглас -

Најнови вести