Симеоне: Треба трпение, а и јас го немам

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, не знае за победа против Барселона во мечеви од шпанската лига, Купот или Суперкупот. Ги има победувано Каталонците само во Лигата на шампионите, но на домашна сцена му трае малерот и тоа го фрустрира.

Освен што Барса со години му набива комплекс (22 меча без победа во националните натпреварувања и само еднаш дале повеќе од еден гол против Каталонците со Симеоне на клупата), Симеоне синоќа требаше да објаснува и зошто тимот, кој е горд на силната одбрана, прима гол на седум меча по ред.

„Оваа сезона е транзициска за Атлетико. Навивачите треба да имаат трпение. Ни треба време. Па, јас сум тој што најмалку има трпение и смиреност. Во фудбалот најважни се головите, а против Барселона не дадовме гол. Меси во најголем дел од мечот го немаше никаде, но кога доби простор, знаеше да го искористи, го има тој квалитет да одлучи натпревар“, изјави Симеоне, чиј тим падна на шесто место на табелата во Ла Лига.

- Оглас -

Најнови вести