Син на прославен босански фудбалер потпиша за Атлетик Билбао

Кенан Кодро е нов член на Атлетик Билбао. Овој 25-годишен босански фудбалер во шпанскиот клуб доаѓа од Копенхаген и потпиша договор со важност до летото 2022 година. Кенан е роден во Сан Себастијан, во времето кога татко му Мехо играше за Реал Сосиедад, но тој сега ќе го носи дресот на баскискиот ривал на Сосиедад, Атлетик.

Заедничко за Кенан и Мехо е што двајцата се напаѓачи. Кодро треба да биде замена за Ариц Адурис, кој се повреди на 10-ти јануари и нема да игра во следните четири до пет недели. Тој има играно и за Осасуна во првата и втората шпанска лига, за Мајнц и Грасхоперс, но во данската лига на последните 14 меча играше само 13 минути.

Мехо Кодро е играчка легенда на БиХ, играше за Реал Сосиедад, Барселона, Тенерифе и Алавес. Тој најдолго се задржа во Сосиедад, за којшто даде 73 гола, а беше и помошник-тренер и тренер на тимот Б. Син му има девет настапи за националниот тим на Босна и Херцеговина.

Билбао е клуб кој ангажира само играчи кои се од Баскија, а бидејќи Кодро е роден таму, има право да го носи дресот на овој клуб, кој покрај Реал Мадрид и Барселона, никогаш не испаднал од Примера.

- Оглас -

Најнови вести