Синот на Дејан Станковиќ има шут како татко му, голманот на Наполи не ја виде топката (Видео)

Србинот Александар Станковиќ според она што го прикажува во италијанската Примавера во дресот на Интер, има потенцијал да биде одличен фудбалер како неговиот татко Дејан, кој во моментов е тренер на Сампдорија.

Александар е роден во Милано во 2005 година, кога татко му играше за Интер, а сега Станковиќ јуниор го носи дресот на овој клуб.

На дуелот против Наполи во лигата за играчи до 19 години, Станковиќ ги даде првите два гола во победата од 4-0, а особено убав беше првиот со силен шут од далечина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести