Синот на Шекил О‘Нил направи фантастични тетоважи во чест на Коби Брајант и Џиџи (Фото)

Шараф, синот на Шекил О‘Нил, е последниот во низата луѓе кои решија да направат тетоважи во чест на Коби Брајант и неговоата ќерка Џана. Синот на легендарниот Шек имаше блиски односи со Коби, кого често знаеше да го нарече вујко.

„Тој секогаш ми велеше да бидам најдобар што можам. Секогаш да се борам до крај, да работам понапорно од кој било друг затоа што секогаш има луѓе кои сакаат да бидат подобри. Ме учеше дека не треба да живеам на името и славата на татко ми, туку сам да се борам. Едноставно, ме учеше како треба да биде правилно“, вели Шараф, кој направи две тетоважи.

Коби и Џиџи беа во хеликоптерот кој се урна на 26 јануари во близина на Лос Анџелес и загинаа заедно со уште седуммина луѓе кои патуваа во леталото.

- Оглас -

Најнови вести