Сите фаворити победија, а голот на денот го даде дефанзивец (Видео)

Водечките три екипи во германската Бундеслига без никакви проблеми се израдуваа на нови победи. Шампионот Баерн Минхен уште во првото полувреме ги реши сите дилеми во дуелот против Хофенхајм и славеше со 4:0. Гнабри погоди за 1:0 во 16 минута, а веќе по половина час игра, во листата на стрелци се запиша и Роберт Левандовски за 2:0. Во финишот на мечот Чупо-Мотинг и Коман погодуваа за конечни 4:0.

Борусија Дортмунд лесно стигна до трите бода на гостувањето кај Арманија Билефелд и победи со 3:1. Емре Кан, Матс Хумелс и Џуд Белингем беа стрелци на погодоците, а посебно убав беше тој на дефанзивецот Хумелс, кој погоди спектакуларно со волеј удар.

Фрајбург потврдува дека има тим за висок дострел откако со 2:0 славеше на гости кај Волфсбург. Со оваа победа, Фрајбург е трет со 19 бодови, зад лидерот Баерн Минхен (22 бодови) и Борусија Дортмунд со 21 бодови.

Лајпциг со 4:1 го победи Гројтер Фурт во меч на кој гостите изненадувачки поведоа со 1:0 во 45 минута. Дека нема да има изненадување, фудбалерите на Лајпциг се погрижија со фириозна игра во првите 20 минути од вториот дел, кога постигнаа три гола.

- Оглас -

Најнови вести