Сите го бендисаа резервниот дрес на Барса, но и тој има една маана

Барселона го претстави својот нов резервен дрес за претстојната сезона и овојпат компанијата „Најки“ доби пофалби за дизајнот и боите, за разлика од првиот дрес, кој не им се допадна на мнозинството фанови на Каталонците.

На гостувањата кај екипи со сино-црвени или слични дресови, Барса ќе игра со жолт дрес и една дијагонална црвено-сина линија. Ќе ги нема оние препознатливи вертикални линии, а овој дрес е инспириран од 40-годишнната на центарот „Ла Масија“.

Барселона ваков дрес носеше во 70-тите и на почетокот на 80-тите, во времето кога и Јохан Кројф беше член на клубот.

Но, проблемот е што тој дрес се повлече од употреба пред 40-тина години бидејќи во Барса го сметаа за малерозен. Кога носеа таков дрес, загубија важни натпревари од Манчестер јунајтед, Мец и Осасуна. Разликата е што лините беа од левото рамо кон десната страна на дресот, а сега од десното рамо налево.

- Оглас -

Најнови вести