Сите ја видоа топката надвор, само ВАР не: Милиметри одлучуваа дали голот на Јапонците е регуларен (Видео+Фото)

Фудбалерите на Јапонија ја победија Шпанија со 2:1 во последното коло од групата Е на Светското првенство во Катар и со тоа обезбедија пласман во осминафиналето, но голот за триумф предизвика големи контроверзии.

Самураите не само што се пласираа во нокаут-фазата, туку го освоија првото место во групата и притоа двата европски гиганти, Шпанија и Германија, ги победија на идентичен начин, со пресврт во второто полувреме.

Вечерва голот за победа на Самураите предизвика големи контроверзии бидејќи речиси сите фанови пред ТВ-екраните ја видоа топката во голаут, но така не мислеше ВАР-технологијата.

При резултат 1:1, во 51-вата минута, Ао Танака на додавање на Роан ја смести топката во мрежата на Шпанците за 2:1. По неколкуминутна проверка во ВАР-собата поради можно преминување на топката надвор од теренот, судијата Виктор Гомес го призна голот.

https://twitter.com/JamieBVB30/status/1598422739722936320?s=20&t=EdafuiBuKzdpuEtmVa_00g

Милиметри одлучуваа дали Јапонија или Германија ќе играат во осминафиналето, а ВАР-технологијата одлучи дека тоа ќе бидат Самураите, кои ги очекува дуел со Хрватска во нокаут-фазата.

- Оглас -

Најнови вести