Сите се чудат дали новинар од Шри Ланка во изборот за Златната топка гласал од инает?

Лионел Меси стана најдобар фудбалер во изборот на „Франс фудбал“ и по шести пат ја доби Златната топка која ја доделува овој француски магазин, а во гласањето учествуваа новинари од целиот свет.

Новинарот Хафиз Марикар од Шри Ланка во изборот за фудбалер на годината најмногу поени му дал на Александер-Арнолд Трент, на второто место го сместил Пјер-Емерик Обамејанг, а потоа му се Антоан Гриезман, Роберт Левандовски и Марк-Андре тер Штеген.

Освен тоа што не гласал за никого од оние што добија најмногу гласови, Марикар тука му дал поен на Тер Штеген, а во изборот за голман на годината не му дал ниту еден поен на Германецот од Барселона. За наградата „Лав Јашин“, новинарот од Шри Ланка гласал за Кепа Аризабалага, Уго Љорис и Војќех Шченсни. Тука победи Алисон Бекер пред Тер Штеген и Едерсон.

- Оглас -

Најнови вести