Сити ќе му врати на Палас за поразот во октомври

1959 Галатасарај – Бешикташ (18.00 часот)

Иако Галатасарај е дури 14-ти, а Бешикташ осми на табелата во турската Суперлига, сепак, ова е големо истанбулско дерби и трите бода им се многу важни на двата тима. Галатасарај загуби во минатото коло во првенството, но потоа во Лигата на Европа остана непоразен на гости кај Барселона и покажа дека има квалитет за повеќе од шесте бода кои ги има над опасната зона. Бешикташ со победа ќе се приклучи во битката за излез во Европа. Бешикташ има неколку повредени играчи, но не знаат за гостински пораз во 2022. Есеноска беше 2-1 за Бешикташ, повторно би можело двата тима да дадат гол.

Предлог тип: ГГ (1.61)

 

2806 Оденсе – Алборг (19.00 часот)

Оденсе играше нерешено во претходните две кола, имаат само четири победи во 20 кола, но сигурно е дека ќе играат во плејаутот, за разлика од Алборг, кој е четврти и ќе разигрува за титула, иако има сериозно заостанување зад водечкиот Копенхаген. Оденсе во претходните три кола примаше по два гола. Алборг сезонава е незгоден гостин, но минимално губеше на последните две гостувања кај Оденсе.

Предлог тип: 1Х & 2-4 (2.12)

 

3010 Лацио – Венеција (20.45 часот)

Лацио е фаворит на хартија на овој меч. Римските Орли го имаат вториот најефикасен напад во Серија А, а од Венеција само три тима примиле повеќе голови. Мотивацијата на Лацио е да стигне до место во Лигата на Европа, а Венеција грчевито се бори за опстанок. Венеција е 18-та, но има само три бода помалку од Калјари, кој е пред нив, а Венеција има и два меча помалку. Венеција 20 години не гостувала кај Лацио, а кога гостуваа во 2002 и 2000 година, паѓаа пет или шест гола.

Предлог тип: 1 & 3+ (1.86)

 

1124 Кристал палас – Манчестер сити (21.00 часот)

Манчестер сити се бори за титула и за него и нерешено би било неуспех, но Кристал Ппас освои седум бода во последните три кола, па сега е безбеден во средина на табелата. Гостите се фаворити, но на 30 октомври на „Етихад“, Сити беше шокиран од Палас со 0-2. Сега тимот на Гвардиола има мотив да се реваншира за тој пораз, кој е еден од трите на првакот сезонава. Палас дома не знае за победа над Сити од 2015 година, последните три гостувања кај овој тим, Манчестер сити ги добиваше со два гола разлика.

Предлог тип: 2 & 2-5 (1.70)

 

1310 Мајорка – Реал Мадрид (21.00 часот)

Реал Мадрид по чудесниот пресврт против ПСЖ, полн е со самодоверба и ќе оди на победа и против Мајорка за да побегне на 10 бода пред Севилја и со помал притисок да влезе во Ел Класико претстојниот викенд. Мајорка се бори за опстанок, има црна низа од четири порази по ред, но знаела да приреди и сензации против Реал. Во Кралскиот клуб сигурно не заборавиле дека загубија со 0-1 на последното гостување кај Мајорка во октомври 2019 година. Уште од 2010 не било нерешено во нивните меѓусебни дуели.

Предлог тип: Х-2 (3.95)

- Оглас -

Најнови вести