Сити, Ливерпул и Челзи поместуваат граници во Премиер лигата

По 10 одиграни натпревари во англиската Премиер лига, три екипи и натаму не знаат што е тоа пораз. Манчестер сити, Ливерпул и Челзи, тимовите кои се наоѓаат на првите три позиции на табелата, запишаа нова историја во англискиот фудбал – за првпат три екипи да немаат пораз по 10 кола.

Со по осум победи и две ремија, Сити и Ливерпул го делат првото место, со тоа што „граѓаните“ имаат предност поради подобра гол-разлика, додека „сините“ од Лондон имаат седум победи и три ремија, па со 24 бода заостануваат само два пред лидерите.

Арсенал и Тотенхем го одржуваат чекорот со лидерите, но тие веќе имаат два, односно три порази по 10 меча, но од врвот заостануваат со четири, односно пет бода.

Овој податок покажува колку всушност е конкурентна Премиер лигата, особено оваа сезона, а доколку продолжат во ваков ритам, трката за титулата ќе биде неизвесна до самиот финиш на шампионатот.

- Оглас -

Најнови вести