Сити направи хет-трик со титули во Премиер лигата

Во Манчестер денес ќе се слави новата титула на Сити во Премиер лигата, а новиот првак оствари историски подвиг со врзување на титулите во развојната Премиер лигата и англиското првенство до 18 години.

Имено, Сити е првиот клуб кој оствари хет-трик со титули во Англија во три различни конкуренции во една сезона. Тимот до 23 години на Граѓаните издоминира во развојната лига, додека со еден бод повеќе младинците до 18 години беа подобри од градскиот ривал Јунајтед по крајот на сезоната.

За малку ќе ја споеја „големата четворка“, но дамите на Сити заостанаа два бода за шампионите Челзи во женската Суперлига на Англија.

- Оглас -

Најнови вести