Сити се бламира: Ги моли навивачите да купат билети за финалето во Лига купот

Манчестер сити и Тотенхем на 25 април треба да се сретнат на „Вембли“ во финалето од Лига купот на Англија, за кое беше најавено дека ќе се игра пред ограничен број на навивачите.

Граѓаните на шест дена пред финалето наидоа на голем проблем. Актуелниот бранител на ова натпреварување ги моли своите навивачи да ги купат предвидените 2.000 билети за да посведочат во живо на битката за трофејот.

Во знак на протест против Суперлигата, навивачите на Сити не сакаат да го поддржат својот клуб, кој е еден од 12-те основачи на новото елитно натпреварување за кое планот е да почне во најскоро можно време.

Така, наместо да се радуваме на фактот што по повеќе од 13 месеци на англиските стадиони ќе се појават навивачи, формирањето на Суперлигата направи огромен проблем за што голем дел од фановите застанаа против клубовите кои се дел од овој проект.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести