Сити со петарда го понижи историски слабиот Арсенал (Видео)

Манчестер сити второ коло по ред во Премиерлигата даде пет гола, овојпат жртва на Граѓаните беше Арсенал кого го разбија со 5-0. Арсенал од 1966 наваму, првпат нема освоено ниту еден бод после три гола во најсилната англиска лига, а првпат во нивната 118-годишна историја, освен што немаат бод, немаат дадено ниту еден гол после првите три рунди.

Сити имаше над 80 проценти посед на топка, тотално доминираше, а многу работи беа јасни кога Гранит Џака беше исклучен уште во првото полувреме, кога дел од фановите на лондонскиот тим почнаа да ги напуштаат трибините. Откако Хосеп Гвардиола стана менаџер на Граѓаните, Сити против Арсенал има 10 победи и еден нерешен резултат на 11 меѓусебни дуели.

https://twitter.com/i/status/1431598526065254406

- Оглас -

Најнови вести