Скалони откри дека Меси играл повреден против Колумбија и Бразил, а Лео уште не е свесен дека е шампион

Аргентина слави 15-та титула на Копа Америка за израмнување со рекордерите Уругвај, откако Гаучосите во големото финале триумфираа со минимални 1-0 над големиот ривал Бразил кој не успеа да го одбрани трофејот.

Заврши агонијата за Лионел Меси без успех на репрезентативно ниво, конечно ѝ даде на својата земја причина да се радува и да слави, а селекторот Лионел Скалони откри дека аргентинскиот капитен играл повреден во полуфиналето против Колумбија и ноќеска против Бразил во мечот за титулата.

„Меси играше со повреда на бутниот мускул против Колумбија претходно и сега против Бразил“, посочи Скалони по финалето, проблем за кој јавноста не беше известена. Ова само покажува колкму многу Меси сакаше да го зграпчи трофејот и конечно успеа.

Инаку Меси беше прогласен за најдобар фудбалер на шампионатот, а со четири погодоци и пет асистенции ја доби наградата и за најдобар стрелец.

„Уште не сме свесни дека сме шампиони, ниту што направивме. Овој меч ќе остане запаметен во историјата, но не затоа што сме шампиони на Јужна Америка, туку дека го победивме Бразил на нивен терен“, порача Меси по финалето.

- Оглас -

Најнови вести