Скандал на Ол-старот: Прескокна човек од 227 см, но не победи во натпреварот за забивање (Видео)

Дерик Џонс Јуниор е прогласен за најдобар забивач на Ол-стар викендот во Чикаго. Во неверојатно неизвесно финале, Џонс Јуниор и вториот финалист Арон Гордон мораа да изведат дури четири забивања за да има победник, иако регуларно потребни се две добри забивања.

Двајцата кошаркари во првите три обиди добиваа по максимални 50 поени, а во последната серија забивања, Џонс јуниор доби 48 поени, додека на Гордон му дадоа 47 поени, па победникот беше решен. Интересно е што Гордон доби 47 поени откако успеа да забие преку Тако Фол, играч кој е висок 227 сантиметри, но сепак доби помалку поени од победникот Џонс Јуниор.

По завршување на натпреварот во забивање, Гордон, кој и во двете полуфинални забивања имаше максимални 50 поени, рече дека веќе нема да учествува на ова натпреварување.

„Прескокнав човек кој е висок 227 сантиметри и што добив? 47 поени за тоа? Абе ајде, што правите? Чувствувам дека требаше да го освојам трофејот. Повеќе нема да учествувам на ова натпреварување“, рече разочараниот Гордон, кој исто така за малку заврши втор во натпреварот во забивање на Ол-старот во 2016 година.

Финалната рунда на натпреварот во забивање може да ја погледнете во целост тука.

https://youtu.be/lXwkJ05xgGw

- Оглас -

Најнови вести