Скандал на Силверстоун – полицијата фати двајца илегалци скриени во камион на Ферари

Две лица биле уапсени од англиската полиција, откако било утврдено дека нелегално се нашле во приколка од камион на Формула 1 тимот Ферари. Бегалците се качиле на црвениот камион во францускиот град Кале, пред да влезе во тунелот под каналот Ла Манш, кој ги спојува Франција и Велика Британија.

Тие биле забележани дури кога камионот стигнал во средата на патеката Силверстоун, каде в недела се вози трка од Формула 1 шампионатот. Двете лица се приведени под сомневање дека поседувале огнено оружје. Не е потврдено, но се шпекулира дека и камионот на тимот Вилијамс бил вклучен во сличен инцидент.

- Оглас -

Најнови вести