По освоената европска титула, екипата на Олимпијакос стигна и до пехарот во кошаркарското првенство на Грција. Во решавачкиот петти меч, Олимпијакос со 89:85 го победи големиот ривал Панатинаикос и со 3:2 во победи се радуваше на шампионскиот пехар.
Финалниот петти меч од плејофот го одбележа конфликтот меѓу двајца кошаркари, кој на крајот заврши со жестока тепачка. Тирик Џонс од Олимпијакос и Кендрик Нун од Панатинаикос имаа расправија и физичка пресметка во третата четвртина, па двајцата беа исклучени.
Сепак, тоа не беше крајот. По исклучувањето на дватцата кошаркари се служи многу потежок инцидент во ходникот кој води кон соблекувалните. Џонс беше фајтерски расположен и тргна да се тепа со Нун.
Иако меѓу нив имаше неколку луѓе, кошаркарот на Олимпијакос успеа да дојде до Нун и да го удри со тупаница во лицето.
Целиот инцидент може да го видите ТУКА.
😳😳😱😱 Kendrick Nunn ile Tyrique Jones arasında çıkan kavga.pic.twitter.com/hyfYpLCGC8
— Hızlı Hücum (@hizlihucum) June 13, 2026

