Скандалозно: Гимнастичар од Русија изгуби од Украинец и на делбата на медали излезе со лого од војната (ФОТО)

Руските спортисти се суспендирани од речиси сите спортови или пак им е забрането да ги носат државните обележја. Тие што се во текот на натпреварувањата им е дозволено да ги завршат, а таков е случајот и со рускиот гимнастичар, Иван Кулијак.

Тој во моментов настапува на светското првенство во гимнастика кое се одржува во Доха, Катар каде што заврши на второто место, откако во финалето изгуби од Украинецот Илија Ковтун.

На делбата на медалите, на облеката на рускиот спортист го имаше логото “Z” кое што го има на сите руски војници и тенкови а означува победа. Се очекува Кулијак да биде дополнително суспендиран од светската гимнастичка федерација по ваквиот потег.

- Оглас -

Најнови вести