Скап селектор не е гаранција за успех, СП во Катар го покажува тоа!

Мундијалот во Катар донесе и пријатни и непријатни изненадувања, па така во осминафинале се најде репрезентацијата која го има најевтиниот селектор, а во аут е гигант кој го има најскапоплатениот селектор.

Се покажа дека скап, не значи автоматски и добар и успешен селектор.

Ханси Флик од Германската федерација зема годишна плата од 5,5 милиони евра (најскапо платен селектор меѓу учесниците на СП во Катар), а својот национален тим не успеа да го донесе ниту до осминафинале, што е дебакл за земја четирикратен светски првак.

Од друга страна, осминафиналист стана Сенегал, чиј селектор Алиу Сисе врши фантастична работа. Сенегалците под негово водство зимоска станаа африкански прваци, а сега на СП се пласираа во осминафиналето, и тоа без својата прва ѕвезда Садио Мане. Сисе како селектор месечно заработува 45.414 евра (десет пати помалку од Флик).

Теоретска шанса да се најде во осминафиналето има и вториот најевтин селектор, Ригобер Сонг од Камерун. Тој заработува околу 110.000 евра месечно.

- Оглас -

Најнови вести