Сколс ќе менаџира во четвртата англиска дивизија

Пол Сколс најверојатно ќе се проба во улога на менаџер, откако започна преговори со англискиот четвртолигаш Олдхам. Сколс вчера присуствуваше на средбата против Меклсфилд, во која Олдхам загуби со 2-1, наводно ексфудбалерот на Манчестер јунајтед е фаворит да ја преземе одговорноста како шеф на стручниот штаб до крајот на сезоната.

Сколс и во октомври 2017 година конкурираше за клупата на Олдхам, но тогаш раководството се одлучи за Ричи Веленс, кој набрзо потоа доби отказ. Поранешниот англиски репрезентативец е фан на Олдхам од мали нозе, а неговото фудбалско реноме е главната причина што Сколс е фаворит за преземање на менаџерската улога во овој клуб.

Олдхам моментално е на 12-тото место на табелата во четвртата лига на Англија, со пет бода предност во однос на екипите кои се наоѓаат во зоната за испаѓање.

- Оглас -

Најнови вести