Скопје го искористи подарокот од Работнички, Академија Пандев цврсто на второто место

Екипата на Скопје го изненади Работнички и славеше на арената „Тодор Проески“ со 1:0 во дуелот на скопските ривали, во 29. коло на Прва лига. Филип Јаневски во 69 минута искористи еден кикс на домашната одбрана, украде топка во шеснаесетникот и успеа да погоди, покрај неподготвениот домашен голман.

Работнички во 61 минута имаше стоостотна шанса за погодок, но Димов спаси буквално од гол линијата. Романтичарите во 90 минута ја погодија и пречката, но не успеаа да израмнат.

Во вториот денешен меч, Академија Пандев на свој терен со 2:1 ја победи Брегалница. Димоски во 17 минутаи Шаркоски во 50 минута погодија за струмичани, а гостите постигнаа почесен погодок преку Стојанов од пенал во 93 минута.

Утре се играат останатите три меча од ова коло, а ќе играат: Шкупи – Ренова, Шкендија – Македонија ЃП, Струга – Пелистер и Тиквеш – Борец.

Табела: Шкупи 68 бодови, Академија Пандев 58, Шкендија 53, Манкедонија ЃП 53, Брегалница 39, Ренова 38, Работнички 37, Струга 36, Скопје 29, Тиквеш 27, Борец 18, Пелистер 10 бодови.

- Оглас -

Најнови вести