Скромно во Европа лигата, еден гол и тој е смешен (Видео)

Жезус Валјехо си постигна смешен автогол во 29. минута на „Пушкаш“ арена во Буримпешта и тоа е единствениот погодок во првото полувреме на четири ревенш дуели од осминафиналето во Европа Лигата.

Скромен учинок за второто по квалитет клупско европско натпреварување на кое мрежите мируваа на дуелите меѓу Арсенал и Олимпијакос, Шахтар и Рома и Динамо Загреб против Тотенхем, по 45 минути игра.

Само Валјехо погоди и тоа на погрешната страна и со неговиот автогол Молде успеа да ја преполови предноста на Гранада од 2:0 од првиот меч.

Тој дуел се игра на неутрален терен во Будимпешта, а чудниот автогол по големата грешка на десниот беке на Гранада можете да го погледнете ОВДЕ.

Во првите натпревари Гранада го победи Молде со 2:0, Арсенал славеше со 3:1 во Атина против Олимпијакос, Тотенхем во Лондон го победи Динамо со 2:0, а Рома на „Олимпико“ беше подобра од Шахтар и има предност од 3:0.

 

- Оглас -

Најнови вести