Слаб е интересот за Конференциската лига на УЕФА – Холандски клуб продава билети на аукција со почетна цена од 50 центи

Слаб е интересот кај навивачите на клубовите од посилните европски лиги за настапите на нивните миленици во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА, па холандскиот АЗ Алкмар одлучи да продава билети и на аукција.

За мечот со Тузла сити вечерва од 20.30 часот Холанѓаните ги продаваат билетите на аукција со почетна цена од половина евро, или околу 30 денари.

Првиот меч од квалификациското четвртфинале за настап во Конференциската лига ќе се игра на стадионот „АФАС“ во Алкмар со капацитет од 19.500 места.

АЗ Алкмар пред две сезони играше во фазата по групи во Лигата на Европа против клубови од калибарот на Наполи и Реал Сосеидад, а еднаш играше и финале во истиот куп, во 1981 година, тогаш како УЕФА куп.

Има и едно полуфинале и три четвртфиналиња во истото натпреварување и многу поголем рејтинг од дебитантот во еврокуповите, екипата на Тузла сити.

 

- Оглас -

Најнови вести