Следното дерби МЗТ – Работнички ќе се игра во хотелска сала во Сараево?

Третиот „балон“ во АБА 2 лигата најверојатно ќе се игра во Сараево, и тоа од 1 до 7 март, во салата на хотелот „Хилс“ на Илиџа. За македонските љубители на кошарката третиот турнир ќе биде интересен бидејќи во наредното коло треба да се игра скопското дерби помеѓу МЗТ Скопје Аеродром и Работнички.

Според босанските медиуми, мечевите би се играле таму иако и претходниот турнир беше организиран во БиХ, во Бања Лука, откако првиот беше на Златибор во Србија. Во оваа хотелска сала во ноември беа одиграни мечеви од квалификациите за ЕП, има уште еден хотел во непосредна близина, таму би биле сместени екипите, па нема да биде проблем од технички аспект.

Со оглед на тоа дека МЗТ и Работнички треба да играат во осмото коло, прво од третиот затворен турнир, дербито ќе биде на 1 или 2 март, изгледа за првпат во историјата надвор од границите на Македонија.

- Оглас -

Најнови вести