Следува фудбалски земјотрес: Машки и девојки во ист тим

Неверојатна вест која може од темел да го здрма фудбалот откако од Холандија пристигна вест дека се подготвува за создавање на екипи во кои ќе има и момчиња и девојчиња. Од фудбалската федерација на Холандија велат дека сериозно размислуваат за воведување на овој новитет и тоа од следната сезона.

„Сакаме девојките и жените да најдат соодветно место во фудбалското опкружување, зависно од нивните квалитети и амбиции. Мешовит фудбал досега беше возможен во сите младински категории во Холандија“, се вели во соопштението на холандската федерација.

Првичниот план е на теренот во екипата да има осум фудбалери и три фудбалерки во стартниот тим, а да има уште три фудбалерки на клупата за резерви, со тоа што една девојка ќе има загарантирано место како замена. Вториот предлог е да се направи микс, односно на пример во средниот ред да играат девојките, во одбраната да бидат машки, а во нападот да има мешан состав.

Во Холандија има мешани состави во аматерските екипи, но и во дел од лигите што се во трет ранг од натпреварувањето.

 

- Оглас -

Најнови вести