Слична верзија на џинот Криштопанс ја засили Струга (Видео)

Корпулентниот десен бек од Босна и Херцеговина, Дино Мехиќ, ќе игра за ракометниот клуб Струга во следната сезона и би требало да биде одлично засилување според најавите.

Мехиќ доаѓа од Слобода Тузла, а има импозантна висина од 204 сантиметри со која би требало да доминира во сезоната пшто следи во македонското првенство.

Мехиќ има 21 година и го сметаат за мошне талентиран ракометар во БиХ.

 

- Оглас -

Најнови вести