Словачка, Белгија и Италија нема да киксираат

Денешните квоти на денот на обложувалниците Sport Life ви предлагаат да играте дека Словачка ќе даде гол во првото полувреме на гостувањето кај Азербејџан, од Белгија се очекуваат три гола против Шкотска, од кои барем еден или повеќе во првото полувреме, додека Италија и БиХ ќе дадат од еден до три гола во двете полувремиња посебно.

 

Азербејџан – Словачка (18.00 часот)

Секој што ќе киксира против Азербејџан, не може да се надева на пласман на ЕП, па затоа Словаците мора да тргнат офанзивно од првата минута и што побрзо да го скршат отпорот на домашните. Последното гостување на Словачка во Баку заврши со пораз, но тоа беше во 2001 година, кога составите беа сосема поинакви од сегашните. Словачка точно две години нема победа на гости и тогаш последен пат даде два гола на едно гостување.

Предлог тип: Т2 1-2 пол. (2.15)

 

Белгија – Шкотска (20.45 часот)

Белгија е една од најсилните репрезентации во Европа и светот, лидер на светската ФИФА-листа и сигурно нема да си дозволи кикс против Шкотите, кои на гости не играат толку добро како дома. Азар и другарите имаат максимален учинок по три гола, веруваме дека со ефикасна игра ќе освојат нови три бода. Последните четири меѓусебни дуели на овие селекции ги доби Белгија со гол-разлика 10-0, а лани во септември беше 4-0.

Предлог тип: Т1 1+I & Т1 3+ (2.10)

 

Италија – БиХ (20.45 часот)

Тука домашните се фаворити, по убедливата победа кај Грција, Италијанците во Торино би требало да освојат три бода и против БиХ. Селекторот Манчини најави ефикасна Италија и тоа ветување се исполни во претходните два квалификациски меча. И Босанците може да помогнат да има голови (но не повеќе од три) во двете полувремиња.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.05)

 

Исланд – Турција (20.45 часот)

Селекторот Шенол Ѓунеш, кој во 2002 ја одведе Турција до трето место на СП, повторно е херој на нацијата, особено Турците се во еуфорија откако со подмладен состав го надиграа и го поразија светскиот првак, Франција. Сега на Исланд ги чека незгоден меч, кој ако го добијат, ќе потврдат дека резултатите не се случајни. Традицијата е на страната на Исланд, кој дома е многу незгоден, добил пет од шесте меча против Турција во Рејкјавик.

Предлог тип: 2-3 (1.97)

 

Унгарија – Велс (20.45 часот)

Велс славеше на последните три одмерувања на силите против Унгарците и секогаш даваше барем по два гола. Унгарија е на делба на врвот на групата со Хрватска, но Велс заостанува три бода, има и еден натпревар помалку, исто како и Словачка. Тука сè е отворено, квотите за конечен тип се примамливи, можеби најреално да се очекува е реми.

Предлог тип: Х (3.00)

- Оглас -

Најнови вести