Словенија пресилна, македонските одбојкарки без освоен сет се простија од Европската лига

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија го одигра и својот шести натпревар во Европската лига, и повторно (очекувано) не освои сет.

Нашите најдобри одбојкарки во Скопје се поразени од силната Словенија со убедливи 15-25, 10-25, 10-25, и беа освоен сет ги завршија настапите во Европската лига. Ваков скор од 6 порази во шест кола без освоен сет, освен Македонија има само уште Исланд.

Македонските одбојкарки посилен отпор понудија единствено во првиот сет кога имаа и водство од 12-10, но Словенија со серија направи пресврт, а потоа и убедливо го освои сетот. Во продолжението Словенките рутински си ја завршија работата.

Словенките беа први со шест победи и ниту еден загубен сет, што покажува дека се далеку појак ривал од Македонија и за македонскиот тим средбата беше собирање искуство и да види каде се слабостите на кои ќе треба да се поработи во иднина.

Фото: ОФМ/Вангел Тануровски
- Оглас -

Најнови вести