Снимен, фатен, избркан – Кинески фудбалер сакаше да избегне гужва, доби отказ од Гвангжу (Видео)

Ју Хенчао, крилниот играч на Гвангжу, направи ретко видена глупост и се обиде да ги измами учесниците во сообраќајот во Гвангжу, но беше фатен на дело како го менува знакот на табличките на својот автмобил и беше сурово казнет.

Буквата Е на својот џип се обиде да ја смени во Ф, што дава предност во сообраќајот, но беше снимен со камера и откако видеото беше објавено на социјалните мрежи, 33-годишниот репрезентативец на Кина со 59 настапи за националната селекција веднаш доби отказ од својот клуб Гвангжу Евергранде.

Ова е една од најбизарните причини за отказ, но во Гвангжу воопшто не се двоумеа да му кажат чао на Хенчао. За еден од најдобрите клубови во Кина, Хенчао игра од 2014 година, но сега ќе мора да си бара нов клуб.

 

- Оглас -

Најнови вести