Снимен интересен разговор на Пике и Алба после поразот од Реал (Видео)

Камери во спортскиот центар на Реал Мадрид снимија разговор помеѓу Жорди Алба и Жерард Пике, пред нивното враќање од Мадрид, каде беа поразени од Реал. Тие разговараа околу купот, а изненадувачки, Алба е песимист, за разлика од Пике. Фудбалерите на Барса не се гледаат на видеото, но се слушаат нивните гласови.

„Смири се, сигурно ќе го освоиме Купот“ – му рече Пике на Алба.

– Не знам јас тоа“ – одговори Алба кој не е оптимист како дефанзивецот дека в сабота вечер во Севилја ќе го совладаат Атлетик Билбао во финалето на Купот на Шпанија.

Пике го праша Алба што кажал, а бекот му повтори: Не знам.

- Оглас -

Најнови вести