Со автомобил сакале да го прегазат целиот тим на Атлетико!

Неверојатен инцидент се случил во мечот од пониските лиги во Шпанија, кога фудбалерите на Атлетико Томељос беле нападнати по дуелот со Квинтанар. По завршување на дуелот, целиот тим на Атлетико Томељосо бил пред стадионот „Алфонсо Виљер Гарсија“, кога најпрво биле вербално нападнати, а потоа двајца непознати луѓе седнале во бел автомобил и тргнале директно кон фудбалерите со намера да ги згазат.

„Нашиот тим се подготвуваше за враќање дома кога се случи инцидентот пред стадионот. Најпрво бевме вербално нападнати, а десетина минути подоцна еден автомобил се обиде да ги прегази играчите и членовите на клубот коишто беа пред тимскиот автобус“, стои во соопштението на Атлтико Томељосо.

Во инцидентот повредени се три лица, и тоа физиотерапевтот Марти, членот на стручниот штаб Хосе и фудбалерот Хосе Луис Гаљего. Има и материјална штета затоа што автомобилот на крајот удрил директно во автобусот.

- Оглас -

Најнови вести