Со Гранада правеше чуда во Шпанија и Европа, без него тимот испадна, сега Еспањол реши да го ангажира за тренер

Диего Мартинес е нов тренер на Еспањол и доаѓа на местото на Луис Бланко, кој беше привремен тренер на прволигашот од Барселона.

Мартинес чекаше поволна прилика речиси една година, откако лани си замина од Гранада, клуб во кој правеше чуда и во Шпанија и во Европа, а откако тој си замина испадна од Ла Лига.

Еден од најмладите стратези во Шпанија има 41 година и во 2019 година избори настап во Ла Лига со Гранада.

Во првата сезона успеа да го освои седмото место што му донесе историски настап на клубот од Андалузија во еврокуповите.

Играа во Европа Лигата и стасаа до четвртфиналето, каде подобар од нив беше англискиот гигант Манчестер јунајтед.

Сега и Еспањол сака слична авантура, клубот оддамна не играл во европските натпреварувања, па го ангажира Мартинес на две години.

Диего пред две сезони заедно со Хозе Бордалас, сега тренер на Валенсија, тогаш на Хетафе, беа избрани од „Марка“ за двајца најдобри кормилари во Првата шпанска лига.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести