Со мерак чекаа да ја пречекаат Англија, а стадионот нема да смее да биде полн

Фудбалската федерација на Бугарија е казнета од УЕФА поради расизам на навивачите, па нашиот источен сосед на 14 октомври нема да може да ја пречека Англија пред полн стадион, во меч од квалификациите за Европското првенство 2020.

Казната е на мечот со Англија да има 5.000 празни места, а за гостувањето на Чешка на 17 ноември во Софија, на 3.000 места за седење на националниот стадион „Васил Левски“, нема да смее да има публика.

Причина за казна е расистичкото однесување на бугарските фанови на дуелите со Косово дома и на гостувањето во Чешка. На местата на кои нема да има публика, ќе треба да стои транспарент на кој пишува „EqualGame“, заедно со логото на УЕФА.

Од бугарската федерација рекоа дека нема да се жалат, бидејќи од УЕФА најавувале дека казната можела да биде и поригорозна. Сепак, тоа што трибините нема да бидат полни и што остануваат без приходите од 5.000 продадени билети за пресметката со Гордиот Албион, за Бугарите е доволна казна.

- Оглас -

Најнови вести