Со неиграњето на Бензема, Реал губи една третина од головите

Веста дека Карим Бензема нема да игра на шпанскиот Суперкуп ги загрижи сите во Реал Мадрид бидејќи Французинот е клучен играч во нападот на тимот. Бензема одигра 90 проценти од минутите сезонава, тој е еден од неколкуте незаменливи кај Зинедин Зидан, па затоа ќе биде интересно да се види како Реал ќе игра без него вечерва, во полуфиналето против Валенсија во саудискиот град Џеда.

Освен Бензема, во редовите на Реал ќе го нема и Герет Бејл, кој можеби ќе се појави во финале ако тимот се пласира таму, а ќе го нема и Еден Азар.

Бензема даде 16 од 50-те гола сезонава на Реал. По него се Родриго со 6 и Рамос со пет гола. Реал и онака има проблем со реализацијата и затоа отсуството на првиот стрелец е голем хендикеп. Бензема не е класична „деветка“, тој им помага и на средниот ред и на одбраната. Повредата на неговата лева нога не е сериозна, но тој ќе одмори една недела, па шанса на Суперкупот ќе добие Лука Јовиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести