Заврши славењето за освоената титула, а помина и одморот по успешно завршената сезона. Вардар од денеска повторно е во погон. Актуелниот фудбалски првак на Македонија го одработи првиот тренинг под водство на новиот тренер Кристијан Фабијани.

Со неколку нови фудбалери, но и добро познати лица во ростерот на Црвено-црните, најтрофејниот фудбалски колектив во Македонија започнува токму рано затоа што мора да биде подготвен за европските предизвици што ќе следуваат летово.
Вардар од позиција на аутсајдер го чека противникот во квалификациите за Лигата на шампионите. Првиот дел од подготовките Вардар ќе го одработи во својата база во Хиподром, а потоа следува патувањето во Италија, каде што ќе бидат 20-дневните подготовки пред почетокот на новите предизвици.

