Со петте Квоти на денот може да се дојде до одлична добивка (Фото)

Петте меча од денешните Квоти на денот ако се одиграат заедно, прават вкупен коефициент од 40.48.

Првиот предлог е дуелот меѓу Австрија Лустенау и Австрија Виена, коишто играат во плејофот за пласман во Лигата на конференции. За првиот од двата предвидени меча, се препорачува да се одигра на голови. За играта да има од еден до три гола и во првото и во второто полувреме, квотата изнесува 2.00.

Идентична е квотата и за мечот од финскиот шампионат меѓу СЈК и ВПС. Домаќинот е апсолутен фаворит, а тука предлогот е да одигра дека СЈК ќе даде помеѓу два и четири гола.

Спарта Ротердам и Твенте разигруваат за пласман во Лигата на конференции и тука исто така се очекуваат голови. За играта двата тима да дадат гол и да има барем по еден гол во двете полувремиња, квотата изнесува 2.20.

Најголема е квотата за мечот од разигрувањето за пласман во Серија Б меѓу Калјари и Бари. За овој меч ќе добиете квота од 2.30 ако одиграте дека домаќинот нема да загуби и ќе постигне најмалку два гола.

Последниот предлог е мечот меѓу Алавес и Еибар и тука се очекува домаќинот да не загуби. За играта 1Х&2-4 се добива квота од 2.20.

- Оглас -

Најнови вести