Со „пресврт“ во последен миг, Марјанчо стана најдобар на Типстер купот во ноември

Марјанчо Ристески од Скопје е победикот на Типстер купот во организација на Sport Life за ноември.

Редовниот играч со два добитни тикети уплатени во последните два денауспеа да го помине Димитриј Гуржанов, кој доби 30 илјади денари, додека на позицијата под број три заврши Тоде Климевски и си заработи 20 илјади денари.

На крајот, Марјанчо имаше десет добитни тикети, а откри и еден интересен детаљ.

„Тикетите беа уплатени во последните два дена од минатиот месец, а последен меч што го чекав за да бидат добитни беше меѓу Тотенхем и Брентфорд, кој заврши како што требаше, а со тоа и се искачив на првото место.

Редовно ги следам ваквите натпреварувања коишто се во режија на Sport Life бидејќи навистина се интересни.

А, можам да напоменам и дека за ноември моето учество во Типстер купот започна на 12, и практично за половина месец се искачив на првото место“, вели Ристески.

ГОЛОВИТЕ И ФИКСОВИТЕ СЕ ОМИЛЕНИ, А ПРЕТЕЖНО ИГРА ФУДБАЛ

Најдобриот од Типстер купот, како и речиси сите играчи на среќа, има своја рутина и омилени игри кога станува збор за обложувањето.

Омилен спорт за играње и следење му е фудбалот.

„Послабо ги следам останатите спортови, а омилен ми е, секако, фудбалот.

Од игрите, најубава дефинитивно ми е 3+, но практикувам и доста фиксови. Треба убаво да се разгледаат натпреварите за потоа да може да се состави убав тикет“.

ЈУВЕНТУС Е НЕГОВИОТ ТИМ, А ИТАЛИЈАНЦИ РЕТКО НА ТИКЕТ

Марјанчо е огромен фан на Јувентус, но и вели дека скоро никогаш ги нема одиграно на тикет.

Тоа може да се каже и за останатите екипи од Серија А, бидејќи е тешко да се погодат тие натпревари.

„Голем навивач сум на Јувентус, но речиси никогаш не ги играм на тикет.

Тоа можам да го кажам и за останатите италијански екипи, бидејќи навистина е тешко да се погодат паровите од тие лиги.

Кога сме веќе кај омилените лиги за обложување, тоа дефинитивно е втората и третата германска лига.

Сметам дека таму резултатите се доста реални, а и коефициентите се предизвикувачки“, додаде Ристески.

100 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СЕ НАЈГОЛЕМА ДОБИВКА ВО ПОСЛЕДНИТЕ ГОДИНИ

Победата во Типстер купот за Марјанчо претставува најголемата добивка во последните години.

„Ова е мојата најголема добивка во последните четири-пет години.

Претходно имам уште една, која изнесуваше околу 150 илјади денари.

Но, навистина сум среќен што, ете, упорноста и знаењето можам да кажам дека се исплатеа.

Типстерскиот куп можам да кажам дека го следам од сабајле до вечер и редовно ги следам случувањата во ова интересно натпреварување“, заклучи најдобриот од Типстерскиот куп за ноември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести