Можеби досега не сте слушнале за него, но голманот на холандската репрезентација за играчи до 21 година, Барт Вербруген, е една од ѕвездите на младинското Европско првенство, и тоа со причина.
Вербруген, кој има 21 година, го чува голот на Андерлехт, но можно е уште летово да замине во Премиер лигата, интерес за него има од Манчестер јунајтед, Барнли и Брајтон. Сон му е да брани во Англија и тој сон може да му се оствари наскоро.
Вербруген ја спаси Холандија од пораз против Португалија со една мајсторска одбрана.
https://twitter.com/i/status/1672564818216357891
И на клупски план, тој блеска меѓу стативите. Во февруари годинава одбрани три пенали против Лудогорец и стана првиот голман по 35 години кому му успеало тоа во една пенал-серија во европски купови. Правеше чуда и на гостувањето кај Вилјареал, а интересно е што сака да игра со топка, има просек од 37 додавања на меч со 98 отсто прецизност.
Беше прогласен за играч на годината во Андерлехт, погледнете некои од неговите одбрани:
Save after save. Your Player of the Season in action. ♔ pic.twitter.com/rUOK8rmGYP
— RSC Anderlecht (@rscanderlecht) June 5, 2023
Попладнево од 18 часот, Холандија игра со домашната Грузија на ЕП У-21 и ако го гледате мечот, обратете внимание на Вербруген.

