Со ваков малер, Милан не можеше да победи: За 5 секунди ги погоди двата ќоша од голот (Видео)

Милан одигра 2:2 на „Сан Сиро“ против Парма, а Росонерите иако беа фаворити пред мечот, на крајот може да бидат задоволни од освоениот бод. Гостите уште на почетокот покажаа дека се дојдени да се надигруваат на „Сан Сиро“ и со голот на Хернани поведоа во 13-тата минута. На почетокот на вториот дел, Парма поведе и со 2:0 со погодокот на Куртиќ, но тука и застанаа.

Тео Ернандес намали на 1:2 во 58-мата минута, а Милан продолжи да напаѓа. Погодокот за 2:2 стигна во 90+1 минута, а повторно Ернандес беше стрелец, спасувајќи го лидерот од првиот пораз сезонава во Серија А.

Статистиката покажува дека Милан многу повеќе напаѓаше, создаде многу повеќе шанси, но даде само еден гол. Домаќините немаа ни среќа, а тоа најдобро се виде во 39-тата минута, кога само за неколку секунди успеа двапати да ја погоди рамката од голот, и тоа на двата дела каде што се спојуваат пречката и гредата, но топката не влезе во мрежата.

- Оглас -

Најнови вести