Со ваква статистика не би го примиле и во македонско првенство, а тој игра во Манчестер јунајтед

Неколку години наназад го најавуваа како голема надеж на Манчестер јунајтед. Сега не може да се рече дека е ниту надежен, а ниту млад, ако се знае дека Џеси Лингард веќе има 27 години. Во годините кога треба да биде во врвот на својата кариера, Лингард покажа неверојатно лоша игра во дресот на Манчестер јунајтед.

Фудбалерот кој игра на позиција офанзивен играч за врска, во 2019 година не успеа да даде ниту еден гол, но ниту еднаш ни да асистира за погодок во Премиер лигата. Во годината која изминува, Лингард одигра вкупно 28 премиерлигашки дуели, а на теренот помина 1.477 минути. За тоа време немаше ниту една асистенција, ниту погодок во првенството, што доволно кажува за неговата јалова игра.

Единствениот погодок кој Лингард го даде оваа година е на дуелот против Астана во Лигата на Европа пред еден месец.

https://twitter.com/Football__Tweet/status/1211383845658021890

 

- Оглас -

Најнови вести