Соиграч на Барди се разочара: Срам ми е што играм фудбал по поразот од Англија со 7:0

Соиграчот на Енис Барди од Леванте, Никола Вукчевиќ, изјави дека за првпат во животот се срами што воопшто бил на фудбалски терен по дебаклот на Црна Гора на „Вембли“.

Вчера Вукчевиќ и неговите соиграчи загубија со 7:0 од Англија, што е е еден од најтешките порази во историјата на црногорскиот фудбал.

„Првпат откако играм фудбал ми е срам што сум настапил на натпревар. Се срамам од луѓето во Федерацијата што ни ги овозможија сите услови и постојано се трудат да имаме максимална комоција. Не можам да ги погледнам в очи и нашите навивачи, кои ни се лојални и ми е срам од сите поранешни репрезентативци што играле за Црна Гора. Одигравме мизерно против Англија и во текот на комплетните квалификации“, изјави Вукчевиќ.

Никола ја игра втората сезона во Леванте и му е соигач на Енис Барди, а и двајцата играат во средниот ред на шпанскиот прволигаш.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести