Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти потврди дека Фран Гарсија ќе биде првото засилување за Кралскиот клуб во следната сезона. Фран Гарсија игра како лев бек и потекнува од школата на Реал Мадрид, а оваа сезона блесна во дресот на Рајо Вајекано.
Реал Мадрид го искористи правото да го врати играчот и тоа за сума од пет милиони евра, што е три милиони евра повеќе од тоа што го продаде лани кога беше дел од Реал Мадри Кастилја. Гарсија е роден во 1999 година и сега е вистински момент да покаже дека има квалитет да игра за Кралскиот клуб.
„Да вистина е. Фран Гарсија ќе биде нашето прво засилување во летниот преоден рок. За останатите трансфери не можам да зборувам“, рече Анчелоти.
Ако Фран Гарсија е првото засилување во летниот преоден рок, официјално заминувањето го потврди Марко Асенсио. Тој пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ со само 20 години и во дресот на Кралевите се радуваше на дури 17 трофеи во сите најважни натпреварувања.

