-2.2 C
Skopje
сабота, 17 јануари 2026

Соиграчи на Алиоски се степаа меѓусебе (Видео)

Екипите кои се дел од европските првенства во кои постои зимска пауза, во овој период играат контролни мечеви. На еден таков подготвителен дуел меѓу екипите на Лугано и Викторија Плзен се случи неочекуван инцидент.

Се играше 72 минута кога при резултат 1:1, напаѓачот на Лугано, Кевин Беренс ја загуби самоконтролата и физички го нападнал соиграчот Георгиос Куцијас. За среќа, Куцијас не беше воинствено настроен и збунето го гледаше соиграчот од кој беше нападнат, додека останатите играчи на Лугано притрчаа да ја смират ситуацијата.

На крајот страстите се смирија, а Лугано, во чии редови беше и македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски, загуби со 2:4.

- Оглас -

Најнови вести