Солер испиша историја во Црвената фурија, Италија на 45 минути од изедначување на светскиот рекорд

Интересни мечеви се играат вечерва низ Европа од квалификациите за СП 2022, а од трите меча на кои по првите 45 минути е 0-0, два се од групата Ј, во која е и македонскиот национален тим.

Нема голови на „Тодор Проески“, каде што ни гостува Ерменија, а без голови е и на Исланд, каде што гостува Романија. Погодок, и тоа само еден, даде Германија на гостувањето кај Лихтенштајн.

Европскиот првак Италија има само 1-1 против Бугарија и ако Аѕурите не претрпат сензационален пораз во Фиренца против нашите источни соседи, ќе го изедначат рекордот на Бразил и Шпанија од 35 меча по ред без пораз.

Шпанија и Шведска на ЕВРО 2020 за 90 минути не успеаја да си дадат гол, а вечерва само по 6 минути беше 1-1. За Црвената фурија погоди Карлос Солер, кој стана најбрз шпански дебитант кој дал гол само по пет минути по официјалното деби.

- Оглас -

Најнови вести