Солскјер: Доминиравме, но ни недостасуваше магија

Шефилд приреди голем шок на „Олд Трафорд“ со триумфот од 2-1 над фаворизираниот Манчестер јунајтед. Фенерџијата во Премиер лигата ја оствари само втората овосезонска победа и речиси никој не очекуваше ваков исход против Црвените ѓаволи, кои загубија во првенството првпат од 1 ноември 2020 година.

Солскјер смета дека целата екипа ги заслужува критиките заедно со него бидејќи не одиграа на потребното ниво. Јунајтед сезонава многупати се спасуваше од негатива и остваруваше победи со пресврт, меѓутоа овојпат им недостасуваше магија на играчите на Солскјер.

„Мислам дека целиот тим заедно со мене заслужуваме да нè критикуваат по ваков настап. Доминиравме во текот на целиот меч, меѓутоа ни недостасуваше малку магија за работите да бидат во наша полза. Доколку не ги користите шансите против екипи кои се од долниот дел на табелата, јасно е дека ќе бидете казнети. Ни следува дербито против Арсенал, во кое очекувам многу подобар пристап од моите фудбалери, бидејќи Топчиите сега се во добра форма“, истакна Солскјер.

Поразот на Јунајтед е шанса за останатите конкуренти како Тотенхем и Ливерпул да се приближат кон врвот на табелата, а токму овие две екипи вечерва ќе ги одмерат силите во дербито кое ќе се одигра во Лондон.

- Оглас -

Најнови вести